ЗА НСОН

Почитувани,
Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) е формиран од просветни работници со цел да ги застапува нивните интересите, да ги штити и да ги подобрува работничките права и да го зголемува угледот на просветните работници. Од самиот почеток НСОН започна да работи почитувајќи ги законските норми не оставајќи простор за потчинетост и неможност прогресивно да реагира на секоја една образовна политика која што е спротивна од интересите на просветните работници.

Статутот на НСОН е поставен на демократски вредности кои што овозможуваат подеднакви можности на секој член активно да учествува во создавањето на синдикалните политики и да дава насоки за работата на синдикатот. НСОН е еден од ретките синдикати во Република Македонија кој што го ограничува бројот на мандати на Претседателите на синдикалните организации со цел да се одбегне појавата на самоволие и доживотни претседатели што е во пракса на синдикатите во нашата земја. Изборот на преставници на општинско и централно ниво се одвива на демократски и транспарентен начин со просто мнозинство и во тој процес учествуваат сите членови на НСОН.

Почитувајќи ги законите на Република Македонија, НСОН дејствува на следниот начин:

  • Синдикатите се непрофитабилни организации, – во НСОН не постои форма “Плата” за синдикални активности што е согласно со законите за работа на синдикатите и непрофитабилните организации.
  • Членувањето во синдикат е засновано на слободна волја со што секој може да се зачлени или да истапи од синдикат во било кое време без да образложува својата постапка.
  • Работниците можат да членуваат во два или повеќе синдикати истовремено. Почитувајќи ги законските норми засновани на демократски вредности, зачленувањето во НСОН се врши со потполнување пристапница од страна на новиот член која е заверена кај лицето во институцијата одговорно за Архивско работење.
  • Непрофитабилните организации во кои спаѓаат и синдикатите се должни да имаат отчетност за финансиското работење и отчетност за средствата искористени при својата работа. Финансиските средства во НСОН се насочено кон обезбедување средства за услугите на адвокати, правници, сметководител, веб дизајнер; промотивен материјал за синдикатот; мобилност за работата на синдикатот.

Почитувајќи ги законските регулативи, НСОН активно презентирајќи ги своите ставови за образовните политики ќе преземе мерки и активности за заштита на интересите на своите членови со цел да ја зачува својата независност.

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) на своите членови им обезбедува:

  • Бесплатно правно советување. Користејќи ја модерната интернет технологија и мобилните телефони во текот на работната недела членовите можат правно да се информираат доколку се нарушени работничките права и да добијат насоки за дејствување.
  • Бесплатна адвокатска заштита. При повреда на работничките права, НСОН обезбедува целосно бесплатна адвокатска заштита за своите членови. Адвокатската заштита се обезбедува од адвокати чија што потесна стручна област се работните односи.
  • Работилници и семинари за едукација на работниците за нивните права. НСОН организира работни групи на членовите кои ќе имат за цел преку дебата да ги изнесат проблемите со кои се соочуваат во работните организации. Семинарите се предводени од правници и адвокати експерти во полето на работните односи.
  • Отчетност и транспарентност за работата на синдикатот. Членовите на НСОН имаат право да учествуаат во надзорниот одбор на синдикатот и можат да бараат достапност до сите документи кои се од нивен интерес.
  • Членска легитимација со која ќе се легитимираат дека се членови на НСОН и со тоа ќе можат да ги користат правата од договорите склучени со одредени работни организации.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Total People lived
in our city
0 K
Square kilometres
region covers
0 K
Private & domestic
garden land
0 %
Average Costs of Home
Ownership
0 th

Over three years
in the ruling

Save the Children believes every child deserves a future. In the U.S. and around the world, we give children a healthy start in life the Chief may also be involved in fire prevention.

03

Super power Administration

On top of our attention to Politician and service is a commitment to excellence all qualities admire.

200 years of city history

In 1985, WinShape Camps launched life-changing summers with our very overnight camp.

Famous for lovly city spots

That early experience set the stage for how we do camps today creating fun and faithful places.

Discover our lovely and
vibrant city

Experience the Tradition, Great and the Natural Beauty of the City

Latest News & Events

The news about recent activities for needed peoples claimed.